Либералните партии од регионот слават 10-годишнина од постоењето на либералната мрежа на Југоисточна Европа

Од:

Во хотелот Александар Палас започна либералниот форум на кој либералните партии од целиот регион ќе го прослават 10 годишното постоење на либералната мрежа на Југоисточна Европа. На вечерашното отворање на форумот како гости на настанот присуствуваа претседателот на Собранието на РМ, Талат Џафери, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерот за внатрешни работи на Косово, Бејтуш Гаши како и поранешната министерка за надворешни работи на Хрватска, Весна Пушиќ.

На форумот кој ќе продолжи утре свое обраќање ќе имаат Ерик Ветсел, потпретседател на холандската либерално демократска партија „ВВД“, ексминистерката за надворешни работи на Хрватска, Весна Пушиќ, претседателот на „Српската либерална партија“, Чедомир Јовановиќ и словенскиот либерал Роман Јакиќ.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зајкова: Срамно е по 18 месеци чекање нов Кривичен законик, да добиеме само козметички интервенции

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски

Иницијативен одбор за реформи во ЛДП: Како од „фабрика на идеи“ ја сведовте ЛДП на непрепознатлива НВО организација

Предраг Петровиќ

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски