Со промоција на одржлива туристичка тура до Матка продолжи Европската недела на мобилност 2018

Од:

За ученици и професори од СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ денеска се одржа промоција на одржлива туристичка тура до Матка – со автобус, изнајмување велосипед, посета на Музејот на ЕВН на Матка и на црквата „Свети Андреа“, туристичко возење по езерото со кајче и разгледување на кањонот и враќање кон Скопје повторно со автобус. Турата беше дел од активностите на Град Скопје за одбележување на Европската недела на мобилност 2018.

Во ОУ „Партение Зографски“ во општината Кисела Вода, пак, се одржа обука за учениците за сообраќајните правила. Станува збор за популарни предавања од областа на сообраќајот и безбедното возење велосипед.

Во периодот меѓу 15:30 и 16:30 часот се одржа дружење со херои од стриповите на Марвел во автобус.

Одбележувањето на Европската недела на мобилност продолжува утре (19.09.2018 година, среда) од 10 часот кога ученици од СУГС „Боро Петрушевски“ ќе слушаат серија предавања за развојот на велосипедскиот сообраќај во европските земји, за пилот проектот за намалување на урбаните топлотни острови и за безбедноста во велосипедскиот сообраќај. Од 11 до 12 часот ученици и професори од СУГС „Боро Петрушевски“ ќе го посетат Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС).

За во 12 часот е предвидена промоција на bicycle friendly компании, а во периодот меѓу 13 и 15 часот во Канцеларијата на УНДП ќе се одржат презентации за улогата на зеленилото во урбаната средина, зелениот катастар и новите мини-паркови во градот.

Во CO&WORK Hub на улицата Шумадиска број 7А во 15 часот ќе се одржи јавна дебата на тема подобрување на состојбата со одржливиот транспорт, а за во 16 часот е закажана герила акција кај ТЦ Рамстор

Градот Скопје ја реализира Европската недела на мобилност 2018 во соработка со невладините организации Македонски Зелен Центар, Еко Свест, ГОУ ГРИН, ПРВ ДО ВРВ и СМАРТ АП – лабораторија за социјални иновации. Оваа година, тема на Европската недела на мобилност е „Комбинирај и движи се“, а целта е да се испрати силна порака за користење на алтернативните видови транспорт и за комбинирање на одржливите начини на превоз до саканата дестинација.

Би можело да ве интересира

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Пожарот во Кисела Вода е ставен под контрола, повреден пожарникар

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во Кисела Вода, чад се гледа од повеќе делови на Скопје

Катерина Ѓуровски

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Ѓорѓиевски: Со навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

Предраг Петровиќ

ВЛЕН: Пропадна обидот автопатот Скопје – Блаце да служи за приватни интереси