Утре, ликовен хепенинг, спортски активности и совети од полицијата во паркот Шопен

Од:

Утре, со почеток во 10:00 часот во паркот Шопен во општина Кисела Вода, ќе се одржи настан со спортски активности и ликовен хепенинг на тема „Скопје град без возила“

На ликовниот хепенинг кој ќе се одржи во рамки на „Европската недела за мобилност“, учениците од основните училишта кои се под надлежност на локалната самоуправа пред присутните ќе имаат можност да ги покажат своите ликовни/уметнички вештини.

Покрај ова, во паркот Шопен по повод одбележувањето на „Европската недела на спортот“ дел од учениците ќе имаат спортски активности, на кои ќе имаат можност да спортуваат, да се запознаат и дружат со познатите македонски спортисти, Елена Бубало, Мартин Стефановски, Даниел Трбогазов, Филип Василевски, Марија Ѓурчиновска и Жарко Батиќ.

Воедно, во исто време, полициски службеници од СВР Скопје, одделение за превенција и ПС Кисела Вода на присутните, како и на минувачите во паркот ќе им даваат совети како да се заштитат од кражби и сл.

Присутни на овој настан ќе бидат градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, како и претставници од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода