Општина Центар затвори незаконско градилиште на Кале

Од:

Овластен градежен инспектор на општина Центар со полициска придружба денеска затвори нелегално градилиште во населбата Кале, откако во текот на вчерашниот ден донесе решение за отстранување на повеќе градби – потпорни ѕидови, оградни ѕидови, помошни објекти и доградба.

– На инвеститорот на градбата од страна на општината му беше наложено веднаш да престане со градење и да ги отстрани дивоградбите. Откако тој не го стори истото, овластениот градежен инспектор го затвори градилиштето, се наведува во соопштението од општина Центар.

Инвеститорот гради огромна градба без никаква документација и на незаконски начин, со што зафаќа дел и од строго заштитената зона за градење, односно тврдината Кале.

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила