Жена загина, а девојче е тешко повредено во сообраќајка на бул. „Србија“

Од:

Шеесет и едногодишна жена го загуби животот, а тригодишно девојче е тешко повредено синоќа кога во нив удрило комбе на булеварот „Србија“ во Скопје.

МВР соопшти дека околу 20 часот во Секторот за внатрешни Скопје било пријавено дека на булевар „Србија“ товарно моторно возило „Пежо Партнер“ со велешки регистерски ознаки управувано од П.Т.(40) од Велес удрилo во пешаците В.Т.(61) и тригодишно девојче од Скопје.

Во незгодата пешаците се здобиле со тешки телесни повреди и со возило на итна медицинска помош биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Во 22:45 часот В.Т. им подлегнала на повредите.

Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип