Владата ќе додели повеќе локации за бензински пумпи и придружни објекти

Од:

Отворање нови бензински пумпи со придружни услужни центри на повеќе локации на автопатот М1 по Коридорот 10 и на магистрални и регионални патни правци, како и времени пазари за збогатување на содржините на автопатот од Табановце до Гевгелија имаат за цел мерките кои ги презела Владата со цел овозможување нови инвестиции, нови работни места и поддршка на локалниот економски развој.

Како што соопшти на денешната прес-конференција портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев станува збор за 13  локации за бензински пумпи и приружни услужни центри. Од нив шест се на автопатот М1, а останатите на магистрални и регионални патни правци. Земјиштето, кое е во сопственост на држава, ќе се оттуѓува по пат на елекстронска јавна аукција, откако Владата ќе добие мислење од Државната комисија за спречување на корупцијата.

– Во наредниот период, откако ќе се добие мислење од ДКСК ќе се реализираат процедурите и ќе се димензионира методологијата кога би можело овие локации да бидат објавени за продажба. За сите локации се уредени имотно правните односи, вцртани се маркичките и обезбедена е комплетната урбанистичко-планска документација, рече владиниот портпарол.

Бензински пумпи на автопатот по Коридорот 10 од Табановце до Гевгелија треба да се градат на локациите Рамниште и Чукур Балар кај Велес, потоа во месноста Венуле во општина Градско, на локацијата Голарија во Росоман, како и во месноста Долна Лака, Демир Капија. Дополнително во тек е постапка за обезбедување на уште една локација на автопатот Табановце-Гевгелија за изградба на бензинска пумпа и услужен центар во месноста Кулето во Градско, за која треба да заврши постапката за изложување на земјиштето.

Предвидена е изградба на бензинска пумпи и услужни центри на регионалниот пат Ново Село Кадрифаково- Велес-Прилеп, на локација Корија во општина Велес, потоа на магистралниот правец Битола-Беровци- Велес на локациите Чука и Вереч во општина Прилеп, на магистралниот пат Штип-Радовиш-Струмица во местата Лакавица и Остреш,  на регионалниот пат Куманово-Свети Николе во Месноста Длги Рид кај Светиниколе, како и на делницата Штип-Кочани- Делчево во месноста Бубакиште кај Штип.

Владата, како што информира тој, разработува уште еден проект чија цел е модернизација односно воведување соодветни соржини кои ќе ја зголемат атрактивноста на патниот правец на коридорот 10 од границата на Македонија со Србија, до Република Грција.

– Тие содржини ќе значат анимација на патниците кои тарнзитираат на овој пат, но и нови можности за отворање бизниси за остварување на приход за локалните трговци и компании. Станува збор за отворање провремени зелени пазари на кои ќе се продаваат земјоделски производи но и рачни изработени ракотворби, рече Ѓорѓиев.

За овој тип содржини се разгледуваат локации кај Куманово, Велес, Градско, Неготино, Демир Капија, Удово и Смоквица.

Во Владата размислуваат и за можноста за отворање нови аква паркови и тоа еден во близина на Велес кај езерото Младост, а втората на просторот од Струмица до Гевгелија во близина на границата со Грција, за што како, што појасни владиниот портпарол, се прави детална анализа и проценка.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада