Харадинај: Евроатлантскиот пат на Косово е неповратен

Од:

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска имаше средба со членовите на делегацијата на Европскиот парламент, предводена од хрватскиот европратеник Тонино Пицула, кои престојуваат во Косово за да се запознаат со напредокот во исполнување на обврските од Договорот за стабилизација и асоцијација со Европската Унија.

Како што објави косовскиот премиер на Фејсбук, на средбата биле разгледани резултатите од исполнувањето на задачите од првата фаза од Агендата за европски реформи и за подготовките за втората фаза.

Харадинај ја искористи можноста да му се заблагодари на Европарламнетот за изгласувањето на одлуката, минатата недела, за либерализација на визниот режим за граѓаните на Косово.

– Прогресот на Косово е евидентен во јакнењето на владеењето на правото, демократизацијата на нашето општество, како и во државните реформи. Евроатлантскиот пат на Косово е неповратен и Владата посветено работи на забрзување на европската агенда. Во рамки на средбата, од името на народот на Косово, се заблагодарив на европратениците за гласот за визна либерализација за нашите граѓани, објави Харадинај.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски