За Двејн Вејд сезонава последна во кариерата

Од:

Легендарниот кошаркар на Мајами Хит Двејн Вејд објави дека претстојната НБА сезона ќе биде последна во неговата кариера.

– Секогаш ги правев нештата на мој начин, било да се тие добри или лоши. До овде стигнав затоа што сметав дека правам нешто добро за моето семејство и за себе. Чувствувам дека е правилно да ги замолам навивачите да ми се придружат за последниот танц, за уште една сезона, истакна 36-годишниот кошаркар.

Вејд во НБА лигата пристигна во 2003 година, а настапуваше за Мајами хит се до 2016 година.

Потоа, тој помина по една сезона во Чикаго Булс и во Kливленд Кавалирс, а во февруари оваа година повторно се врати во Мајами. Тој ќе потпише едногодишен договор со Хит за ветерански минимум од 2,4 милиони долари.

Вејд со Мајами освои три шампионски титули, а во 2006 година тој беше најкорисен играч на финалето.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот