Најголемиот земјотрес почувствуван во последните 10 години ја потресе Австралија, во 20:55 часот, по локално време.
Околу 40 секунди, милион жители биле сведоци на паѓањето шишиња од полиците, тресењето на стаклата.
Епицентарот бил забележан на 130 километри од Мелбурн со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала. Засега е направена само материјална штета и нема информации за повредени лица.
Последниот поголем земјотрес беше забележан во Западна Австралија во 1997 година со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала.