Општина Кисела Вода изврши целосно расчистување на отпадот во населба и село Драчево

Од:

Општина Кисела Вода во рамки на есенската акција за чистење на својата територија, изврши целосно расчистување на отпадот во населба и село Драчево.

Сезонските работници ангажирани од страна на Општина Кисела Вода покрај расчистувањето на отпадот извршија кастрење на гранките на дрвјата и косење на нараснатите тревни површини. Со овие активности беше опфатено и собирање на кабастиот отпад одложен на повеќе локации во месната и урбаната заедница Драчево. Во село и населба Драчево беа собрани околу 7 тони смет.

Исто така, со есенската акција неодамна беше извршено расчистување на отпадот во МЗ Подстаница и во населбите Црниче и Пржино.

Активностите за чистење на Кисела Вода ќе продолжат да се одвиваат во четврток и петок во урбаните заедници 11 Октомври – бараки и 11 Октомври – згради.

Воедно, Општина Кисела Вода по повод Светскиот ден на чистењето спроведе голема еколошка акција на својата територија.

Вклучени во активностите за собирање на отпадоци беа градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, претседателот на Советот на општината Дарио Шимиќ, општинската администрација, вработените од Цементарница УСЈЕ АД Скопје и претставници од здруженијата Go Green и Ice Bottle Challenge. Од страна на учесниците во овие активности беа собрани околу 10 тони отпад.

Би можело да ве интересира

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода