„Еко-свест“ се приклучува во одбележувањето на Европската недела на мобилност 2018

Од:

Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ и оваа година се приклучува на одбележувањето на Европската недела на мобилност 2018 која е под покровителство на Град Скопје.

Посетителите вечер, со почеток во 20 часот, во Градскиот парк, кај Школка ќе можат да го погледнат документарниот филм „Before the flood“ („Пред поплавата“).

Филмот, како што информираат од „Еко-свест“, зборува за причините и последиците од климатските промени- најголемиот глобален проблем на денешницата. За она како влијаат нашите секојдневни избори – начинот на транспорт, храната која ја јадеме и енергијата која ја користиме врз климата и зачестените екстремни временски услови.

Европската недела на мобилноста е кампања за креирање навики и алтернативи за одржлив транспорт на луѓето кои живеат во градовите. Во кампањата учествуваат 1966 градови во Европа, меѓу кои и Скопје. Овој настан е дел од серија настани кои ќе се одржуваат од 16 до 22 септември. Настанот е делумно финансиран од Европската унија.

Би можело да ве интересира

18-годишна девојка во центарот на Скопје била нападната од манијак

Горан Наумовски

Поради снегот, Итната помош во Скопје деновиве имала 254 интервенции

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте

Скопје под снег, врнежи во цела Македонија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Поддршка за Александар Вучиќ во Скопје

Горан Наумовски

Разбојник со нож при неуспешен грабеж повредил продавачка