Триесет дилери и наркозависници привела полицијата изминатата недела во Полошко

Од:

Триесет лица од повеќе места во Полошко биле приведени во текот на изминатата недела како осомничени дека се вклучени во извршување на кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

– Приведените лица на возраст од 15 до 46 години во најголем број поседувале или уживале марихуана, кокаин и хероин. Според местото на живеење тие се од Тетово, Гостивар, Пирок, Камењане, Чегране, Речане, Равен, Балиндол и други места од полошкиот регион, рече Јосифовски.

Според него, полицијата и во следниот период ќе ги продолжи планираните активности за откривање и законско санкционирање на лицата кои поседуваат, пуштаат во промет или уживаат наркотични средства на подрачјето. Освен поединци, најави тој, полицијата ќе контролира и објекти за кои има сознанија дека претставуваат чести собиралишта на наркокорисници.

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец