Притворен осомничен со маскирна униформа од „христијанско братство“ кај кого се пронајдени оружје и фантомки

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје започна истрага постапка против едно лице, за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

„При рутинска контрола на возило марка БМВ на 15.09. 2018 година во 15.00 часот, на бул. Александар Македонски во Скопје, пронајдено е оружје и тоа пиштол, 43 куршуми од 9мм и 15 куршуми од 7,6 мм. Возилото го управувал осомничениот, педесет и тригодишен жител на Скопје“, извести Обвинителството.

Од Обвинителството известија дека по барање на јавен обвинител и одобрување од надлежниот суд, извршен е претрес на домот на осомничениот каде се пронајдени парчиња опрема, маскирни униформи со лого на организацијата „христијанско братство“, фантомки, ножеви, комплет униформа со маскирна шара, футрола за рамки за пушка, нож, двоглед и друга опрема.

Јавниот обвинител од скопското обвинителство побарал притвор за осомниченото лице, а судот го прифати предлогот и му определил притвор од 30 дена.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец