Македонската репрезентација во традиционално карате освои 10 медали на Европскиот шампионат што викендот се одржа во Белград, Србија. Три од нив се златни, четири сребрени и три бронзени.
Медалите ги освоија: Дејан Недев (две златни); Мила Саздова (една златна и една сребрена); Јадранка Недева (една сребрена и една бронзена); ката тим Саздова, Б.Милевска, Ј.Милевска (една сребрена);
Бојан Богдановиќ/Берта Милевска (една сребрена); Ристо Сакалиев (две бронзени).
На шампионатот учествуваа 286 натпреварувачи од 20 држави.