„Коалицијата за европска Македонија им се заблагодарува на граѓаните за заедништвото, за силната поддршка на вчерашниот марш и на големиот граѓански собир во Скопје.
Преку масовноста граѓаните слободно, одлучно и достоинствено испратија силна и јасна порака: Македонија на 30 септември обединето гласа ЗА!
Граѓаните се за заедништво, интерација, напредок, граѓаните се за сигурна и стабилна иднина во ЕУ и НАТО“, се вели во соопштението на Коалицијата за европска Македонија.