А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривична за кичевчанец за производсво и промет со наркотични дроги

by А1он16/09/2018 - 15:57150
Share0

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ и „спречување на докажување“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против А.А. (34) од Кичево.

Следете a1on на Instagram Instagram

При претрес извршен во неговиот дом на 23-ми минатиот месец, пријавениот започнал да ги попречува и ги оттурнувал полициските службеници во преземнањето на службените дејствија, а во еден момент од кујната земал две кеси со опаковки со бела прашкаста материја и се обидел да ги исфрли во тоалетот.

При претресот, пронајдени и со потврда одземени се 25 помали паковки со бела прашкаста материја, три цвета растителна материја и 188.100 денари. Од добиеното вештачење извршено во Министерството за внатрешни работи во Скопје, констатирано е дека во 25 паковки има опојна дрога кокаин, а цветовите-растителниот материјал се марихуана. На пријавениот одредена му е мерка притвор во траење до 30 дена, а потоа е спроведен во казнено поправната установа „Затвор-Скопје“ известува потпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски.

drogamvr

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Катерина Ѓуровски05/10/2026 - 15:29

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Предраг Петровиќ04/10/2026 - 11:42

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Предраг Петровиќ02/10/2026 - 17:15

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 12:03

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он25/09/2026 - 15:20

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Катерина Ѓуровски21/09/2026 - 11:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео