На плоштадот во Гевгелија, Здружението на граѓани „Внимание“, синоќа ја организираше хуманитарната продажна акција за собирање средства за потребите на Дневниот центар за лица со посебни потреби „Мајка Тереза“ од Гевгелија.
Во рамки на акцијата, која се одвиваше под мотото „Подаваме раце заедно сплотени во едно општество за сите“, до доцна во ноќта гевгеличани од поставените штандови купуваа производи од фирми кои се занимаваат со преработувачка индустрија од Гевгелија и со тоа ја покажаа својата хуманост за оние лица на кои им е потребна.
Како составен дел од хуманитарната акција се одржа и работилница на која децата изработуваа цртежи и реквизити кои се користат во конзервната индустрија.