Притвор за осомничениот за убиството во Беловодица

Од:

Мерка притвор во траење од 30 дена на 24-годишниот Енвер Тоска од Битола, кој се сомничи за убиството во Беловодица му одреди Судија на претходна постапка при Основниот суд Прилеп.

Притворот ќе се извршува во Казнено поправната установа Затвор Скопје.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи вчера поднесе кривична пријава против Е.Т. вработен во Министерството за внатрешни работи како полицаец во Полициска станица Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“, казниво по член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Како што информира МВР, убиството било извршено завчера попладне во атарот на село Беловодица, во близина на превојот Плетвар, каде осомничениот Е.Т. со службениот пиштол го застрелал А. Б., по што го полеал со бензин и го запалил. Откако го извршил кривичното дело, со возилото се упатил во правец кон Битола.

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец