ЖРК Металург пред елиминација во Купот на куповите

Од:

Ракометарките на македонскиот  шампион Металург се пред елиминација во осминафиналето од Купот на куповите откако на вчерашниот дуел против Турингер загубија убедливо со 29:11 (17:6). Реванш натпреварот се игра денеска со почеток во 15 часот, а и на овој дуел екипата од Германија е домаќин.

На првиот натпревар само четири ракометраки на Металург постигнаа гол, а најефикасна беше Мирјета Бајрамовска со 6 погодоци.

Од другите македонски екипи, вчеравечер Вардар СЦБТ пред своите навивачи го совалда рускиот тим Кубан со 30:28 и со два гола позитива ќе патува на реваншот во Краснодар. „Црвено-црните“ настапуваат во ЕХФ купот.

Третата екипа во женските ракометни еврокупови која игра во осминафиналето е Куманово, но и кумановчанки двата дуела ќе ги играат на теренот на противникот – Зрински од Мостар. Натпреварите ќе се одиграат на 9 и на 10 февруари.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ