(ВИДЕО) Заев: Важноста на референдумот е иста, како на тој пред 27 години

Од:

Важноста на референдумот е иста, како на тој пред 27 години, затоа што ако тогаш ја обезбедивме независноста на државата, сега од оваа одлука зависи дали ќе си ја осигураме и обезбедиме иднината на нашата независна Македонија, изјави премирот Зоран Заев денеска на трибина со граѓани во Гази Баба, во организација на коалицијата „Излези ЗА европска Македонија“.

Порача дека пред нас претстои сериозна одлука и затоа е важно да се зборува за значењето на интеграциите во НАТО и ЕУ, но и за деталите за Договорот. Да се дебатира и граѓаните да имаме став по ова прашање.

– Има се уште луѓе кои се излажани и изманипулирани, заради тоа што сериозни политички структури во државата немаат изградено став. Став по најважните прашања за нашата заедничка Македонија. Затоа ќе зборуваме се до 30-ти. Одлуката е сериозна, а шансата е неповторила и неповратна. Оваа одлука имаат право да ја носат само и единстевно граѓаните на Република Македонија и никој друг, рече Заев.

Наша одлука, посочи Заев, е дали ќе испишеме храбри и државнички одлуки или повторно ќе се скриеме и ќе бидеме со недоволен капацитет.

– Разбирам некој да биде против и да излезе да гласа. Немам проблем со тоа, како што разбирам и јас сум за и ќе излезам да гласам за. Но, да остане некој дома, а да не нуди алтернатива за државата се прашувам која е тајната замисла на тој таков, кој апсолутно не дава опција и план Б. Затоа секој што ќе остане дома и без било како изговор остане дома, за мене е противник на државата и не и мисли добро на државата, изјави Заев.

Порача дека со Договорот не само што се зачувува нашиот идентитет и се гарантира македонскиот јазик, туку Грција го призна и прифати македонскиот јазик и македонскиот народ.

– Со Договорот од Преспа конечно ја остваривме вековната аспирација на нашите татковци и дедовци. Имаме држава признаена од цел свет. Никогаш повеќе ФИРОМ. Никогаш повеќе некој да ни ја гази гордоста и достоинството. Држава признаена од цел свет, во која што живее доминантно македонски народ, признаен од целиот свет, којшто зборува македонски јазик признаен од целиот свет, рече Заев.

Треба да зннаете, порача, дека во постигнатиот договор со Грција стои македонски јазик, преведлив на сите светски јазици, таму стои Македонци.

– Во членот 7 македонскиот идентитет се потврдува преку јазикот на оваа територија со културата и сите атрибути, нашата национална посебност комплетно со се. И, најдовме модел како да си ја потврдиме историјата и минатото ама низ нив да ја градиме иднината, потенцира Заев.

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска