Пендаровски: Расположението во корист на референдумот и за опцијата за европска Македонија расте од ден на ден

Од:

Расположението во корист на референдумот и за опцијата за европска Македонија расте од ден на ден и јас мислам дека бројот на оние што ќе гласаат „за” ќе биде неколку пати поголем од бројот на тие што ќе гласаат „против”, изјави денеска Стево Пендаровски, националниот координатор за НАТО, кој дојде во Неготино и остварува средби со неготинчани.

Ваквото негово мислење, рече, го темели на тоа што го следи на терен и според анкетите на дневна основа.

– Пораката е иста за цела Македонија. На 30 септември нема да се гласа за политичка партија, нема да се гласа Владата предводена од СДСМ да остане на власт уште четири години. Нема да се гласа за кандидат за градоначалник, пратеник или друга функција. Ќе се гласа за тоа дали сакаме Македонија да ја отвори вратата и во еден краток временски период да стане дел од најмоќните и највлијателните меѓународни организации кои постојат, ЕУ и НАТО, рече Пендаровски во изјава за МИА.

Пендаровски порача на 30 септември да се остави настрана политиката и да се биде посветен на референдумското прашање и со негово прифаќање, да се влезе во ЕУ и НАТО.

Референдумското прашање, според него, е повеќе од јасно. Од 2008 година Македонија е блокирана во тие две институции токму поради тоа прашање. Нагласи и дека договорот со Грција не е штетен за Македонија и не треба да постои никаков страв околу тоа.

Пендаровски рече дека и оние што ќе гласаат против, а и тие што ќе останат дома, се потполно рамноправни во Македонија и ништо нема да им фали после 30 септември. Но, додаде, опцијата „за” е најдобрата карта која може да се одигра, како нација и како држава.

Во тек се средбите со неготинчани, на кои се разговара околу придобивките од гласањето „за” на референдумот.

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска