Центар е прва и единствена општина која се вклучува во проектот на ЕУ„Social biking Challenge“

Од:

Центар, е прва и единствена општина во Република Македонија, која се вклучува во проектот на Европската Унија, „Social biking Challenge“, во рамките на Европската недела на мобилност што традиционално се одржува во периодот од 16 до 22 септември.

„Годинешното мото „Комбинирај и движи се“, чиста животна средина и стимулирање на возењето велосипед како секојдневна навика, претставуваше поттик општината да се пријави како локален координатор и да го спроведе тринеделниот предизвик што почнува на 16-ти септември, а завршува на 6-ти октомври.

Ова е еден вид натпревар, поделен во три фази, во кој заинтересираните лица може да учествуваат преку регистрација и бесплатно преземање на мобилната апликација BikePrints што е достапна на Google Play и Apple app store, на следните линкови:https://play.google.com/store/apps/details?id=eu.europa.publications.bikeprints&hl=en&source=downloadatoz.com или https://itunes.apple.com/us/app/bikeprints/id1274056554?mt=8

Апликацијата им овозможува на учесниците да ги регистрираат своите маршрути и поминатите километри, при што се „натпреваруваат“ со другите учесници од градовите во Македонија, како и со тие од европските градови“, велат од Општината.

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, ги повикува сите граѓани да се пријават на предизвикот и на тој начин директно да учествуваат во Европската недела на мобилност, со што заедно ќе придонесеме во имплементацијата на новите начини на зелен превоз и во намалувањето на загадувањето што го предизвикува транспортот.

Општина Центар ќе ги награди најуспешните учесници со велосипед со кациги и со други велосипедски реквизити, а оние што ќе постигнат најдобри резултати на европско ниво ќе бидат и дополнително наградени и од партнерите на Европската Унија.

За подетални информации за организацијата и за активностите граѓаните може да ја посетат и официјалната веб-страница.

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила