Ураганот Флоренс удри на источното крајбрежје на САД, при што дојде до прекинување на напојувањето со електрична енергија за половина милион домови, а сериозни материјални штети претрпеле и повеќе објекти, пренесува Би-би-си.
Средиштето на бурата ја погоди областа Врајтсвил бич во Северна Каролина, со ветришта со брзина до 150 километри на час.
Дождовите и разбрануваното море веќе ги поплавија крајбрежните области. Десетици луѓе биле спасени од хотел пред уривање во Северна Каролина.
Властите издадоа предупредување за евакуација за 1,7 милиони луѓе.
Гувернерот на Северна Каролина, Рој Купер, рече дека преживувањето и пребродувањето на бурата ќе биде тест за издржливост, тимска работа, здрав разум и трпеливост.
Bar owners at The Husk trying to clear first round of debris from the storm drain. #Florence #WilmingtonNC @FOX46News pic.twitter.com/fGeM5EP5oy
— Ann Wyatt Little (@AnnWyattonFOX46) September 14, 2018
Ова е непоканет терор кој нема така едноставно да замине, изјави тој во петокот за американската телевизија Ен-би-си.
На прес-конференцијата подоцна истиот ден, Купер додаде дека цели населби може да бидат збришани.
surf whipping huge waves crashing pier under assault in Atlantic Beach NC #HurricaneFlorence pic.twitter.com/fZNdfpokrj
— Brien Blakely (@bblakelyFox46) September 13, 2018
Брендон Локлир, прогнозер од Националната метеоролошка служба, рече дека во Северна Каролина, најверојатно, за два до три дена ќе наврне дожд како за осум месеци.
Во меѓувреме, илјадници милји подалеку, огромен тајфун се движи кон Филипините. Повеќе од пет милиони луѓе се наоѓаат на патеката на супер-тајфунот Мангхут, изјавија официјални претставници.