Собрание: Јавната пропаганда за референдумот ќе биде поделена 59 отсто „за“ и 41 отсто „против“

Од:

Согласно законските одредби, како и Правилникот за подготовка, организирање и спроведување на референдум на државно ниво, Собранието на Република Македонија е единствен носител на јавната пропаганда за Референдумот 2018, односно на времето определено од страна на радиодифузерите за Јавната пропаганда за референдумот, и постапува според законските прописи и според правилата донесени од страна на Координативното тело на Собранието, информираат од законодавниот дом.

– Во согласност со Одлуката на Државната изборна комисија, предвидениот медиумски простор за пропаганда се однесува на овластениот предлагач, односно Собранието на Република Македонија, велат од Собранието.

Координативното тело, додаваат, утврдува општ медиа-план за јавна пропаганда, со определување на времетраењето на медиумското претставување, согласно пропорционалната застапеност на пратениците во Собранието кои се изјасниле позитивно за учество во јавната пропаганда, и е во сооднос 59 отсто За и 41 отсто Против.

– Јавната пропаганда се води преку медиумско претставување во националните и локалните радиодифузери и преку дневните весници. Поточно, медиумите кои доставија ценовници до Државната изборна комисија во предвидениот рок од страна на ДИК. Со нив се склучени договори и до нив, на дневна основа, од страна на Координативното тело се доставуваат медиа-планови, според процентот на искажаните ставови на пратеничките групи и на пратеници кои не се организирани во пратенички групи, прецизираат од Собранието.

Би можело да ве интересира

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година