Орбан: Гласањето на Европскиот парламент нема да ја загрози Унгарија

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека гласањето на Европскиот парламент за поведување постапка против Унгарија нема да создаде опасност таа држава.

– При ваков вид процедури, на крајот нема санкции. Нема опасност за Унгарија, рече Орбан.

Според унгарскиот премиер гласањето било со цел за побрзо да ја ослабне позицијата на Унгарија како „симбол на отпорот против миграцијата”.

Орбан, исто така, ја обвини германската канцеларка Ангела Меркел дека сака да го замени унгарските граничари со „платеници на Брисел” и оцени дека „следната битка” ќе биде за правото на земјите-членки на Европската унија сами да ги штитат своите граници.

Следната недела во австрискиот град Салцбург ќе се одржи средба на европските лидери, на која ќе бидат разгледани прашањата на миграцијата и безбедноста на границите.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта