Изложба на Љубиша Камењаров во мобилната галерија во Паркот на франкофонија

Од:

На 15 септември во 20,00 часот во Мобилната/Монтажна Галерија, во Паркот на Франкофонија ќе се отвори изложбата „Рамнотежист“ на Љубиша Камењаров.

Делото Рамнотежист (борец за рамнотежа, паднат во битка за неа), не се занимава со мотивите и причините за ваквото општење на релација субмисивен-доминантен во уметноста, туку само ја за забележува, потсетува за нејзиното постоење – ја прави очигледна нерамнотежата. Во еден мал дел се обидува да ја преврти таа појава, залагајќи се за врамнотежување, зошто со природниот тек на работите во вселената, секоја нерамнотежа тежнее кон врамнотежување.

Ваквата поставеност на нештата (нерамнотежата) се смета за неправилност – аномалија и го зема подредениот субјект за свој херој, преку кој ја отсликува таа сосотојба.

Со прикажување на човечка фигура, со поедноставени (апстрахирани) анатомски одлики, без точно одредена возраст, пол, раса, се нагласува само припадноста на човечкиот род (најзасегнатата странка во оваа замисла).

Изборот на местоположбата на фигурата (на високо издигната основа), го засилува нејзиното величење, херојски прикажува Паднат Борец за рамнотежа, притоа материјалот наменет за одводна инсталација се поврзува директно со (се користи за) уметничката инсталација градејќи го телото на херојот, паднатна колена, претворајќи го од сумисивен во субверзивен.

Љубиша Камењаров, роден во Скопје 1978 година. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности, отсек вајарство 2004 година.

Од 2003 – 2014 Учесник е на голем број групни изложби, ликовни колонии и фестивали. Од 2005 – 2007 работи на изработка на сценографии за драмска и филмска продукција. Од 2007 – 2017 член на перформативната група Свирачиња.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска