Изложба на Ангелина Поповска во Куманово

Од:

„Landscapes“ е насловот на изложбата на авторот Ангелина Поповска, која ќе биде отворена вечерва во Уметничката галерија Куманово со почеток во 20 часот. Кумановци ќе имаат можност да проследат 20-тина дела.

– Делата се изработени на плексиглас и комбинирана техника со извонредна технолошка вештина во комбинирањето на врзивата и боите во еден современ сплет, апликации и провидност, кој е одраз на оваа сликарка, изјави кустосот Драгана Спасковска.

Авторката Поповска, родена е во Романија, завршила Факултет за ликовни уметности во Скопје магистрирала на Факултетот за применети уметности во Белград, Србија на отсекот за конзервација и реставрација на икони и штафелајни и докторирала на Институтот за национална историја во Скопје.

Вработена е во НУ Национален конзерваторски центар-Скопје во лабораторијата за конзервација на икони. Досега реализира групни и самостојни изложби во земјава и странство и освоила повеќе награди. Изложбата е подржана од Министерство за култура. Изложбата за посетителите ќе биде отворена наредните две недели.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска