Фирмите малку ги имплементираат општествено одговорните практики

Од:

Малите и микро претпријатија многу малку ги имплементираат социјалните и општестевено одговорните практики и треба да знаат дека нема да загубат од профитот доколку тоа го направат, туку може само да добијат повеќе на маркетиншки план и на засилување на нивниот бренд, смета Билјана Јанева, директор на Институтот за економски стратегии и меѓународни односи „Охрид“ од Скопје.

Додаде дека на европско ниво овој концепт и идеа се применливи.

– Едно од четири новоотворени претпријатија во ЕУ е социјално претпријатие и веќе тој концепт е заживеан. Кај нас се уште е на почеток, но има многу позитивни примери. Тоа не значи минимизирање или загуба на профитот, туку напротив води кон уште поголем маркетинг, брендирање и препознавање на копанијата кај клиентите, а исто така дава и една сатисфакција на клиентот дека купува или добива услуги од одредената компанија која прави нешто и за заедницата, рече директорката на Институтот „Охрид“, Билјана Јанева.

Потенцираше дека веќе десет години во нашата држава функционира наградата за општествено одговорни практики во претпријатијата и според нивното истражување досега само 173 претпријатија имаат пријавено општествен одговорни практики.

Инаку, денеска во Струмица, во соработка со Агенцијата за поддршка на претприемништвото, се реализираше обука за промоција на концептот на социјално претприемништво во Македонија и запознавање на малите и микро претпријатија со концептот на општествена одговорност.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница