Сојуз на синдикат на земјоделски производители со поддршка за референдумот

Од:

Со самото членство во ЕУ и НАТО добиваме пазар од од 500 милиони жители, добиваме полесен пласман и повисоки цени на нашите проозводи, добиваме повисоки субвенции и добиваме полесен пристап до ЕУ фондовите, истакна денеска на прес-конференција Ристо Велков, претседател на Управниот одбор на Сојуз на синдикат на земјоделски производители од Струмица.

Додаде дека во последните години имаше стагнација на земјоделското производство, кое беше не многу профитабилно, а како резултат на тоа младите опстанокот го гледаат надвор од државата.

– Со поканата за членство на нашата држава во ЕУ и НАТО ни се укажува прилика за добивање на поконкуретно и порентабилно проозводство и задржување на младите во државата, нагласи Велков.

Заедно со Коце Божиков, земјоделец од село Дабиле и член на УО на Синдикатот, ги повика земјоделците на 30 септември да го дадат гласот за европска Македонија со што сите одлучуваат како за иднината на државата, така и за иднината на своите деца.

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска