Уметникот и карикатурист Златко Крстески овој месец со своите дела учествува на две меѓународни изложби.
Неодамна учествуваше на меѓународната изложба на тема „Вода“ во Темплин, Германија, каде што негови дела беа меѓу 200 слики, графики и објекти поставени во галеријата „Foyer“.
На покана од сликарската резиденција „Artist in residence“ од Херцег Нови, Црна Гора, Крстески од 15-ти до 23 септември ќе учествува и на „Шпањола“ – фестивал на уметници од Црна Гора и од регионот.
Заедно со другите учесници на фестивалот, Крстески ќе твори на тврдината Шпањола.