(ВИДЕО) Ременски: Граѓаните се исправени пред историска шанса да одлучат за иднината на Македонија

Од:

Граѓаните на Република Македонија се наоѓаат пред историска шанса на 30. септември да излезат на гласање и да го искористат своето загарантирано уставно право за референдумско изјаснување и така да ја изберат иднината и за Македонија и за своите деца и идните поколенија, порача на средбата со жителите на Лозово, Фросина Ременски, потпретседател на Собранието на Република Македонија.

– Вистински патриотизам е да се искористи шансата и да се определи светлата иднина за генерациите и за државата, рече таа.

Ременски ги повикува сите граѓани, особено младата генерација да ја искористат шансата и, како што рече, Европа да ја донесеме во Македонија да не ја бараме надвор.

– Напротив да бидеме рамо до рамо со развиените земји од ЕУ и НАТО, затоа што таму припаѓаме и очекуваме да се развиваме како демократска земја со напредна економија, со висока стапка на вработеност на младите и се’ она што значи посветла и перспективна иднина за граѓаните на Р.Македонија, изјави потпретсдателката на Собранието Ременски.

Таа уште еднаш потенцира дека светот, ЕУ и НАТО ги отвори вратите за Р.Македонија за да бидеме дел од големото семејство и ние, нагласи, таа шанса треба сега да ја искористиме.

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска