СДСМ: Половина од граѓаните на кои што им пристапил одбиле да разговараат бидејќи Мицкоски ја загрозува нивната иднина

Од:

„Половина од граѓаните на кои што им пристапил одбиле да разговараат затоа што Мицкоски ја загрозува нивната иднина

Половина од граѓаните на кои им пристапил, одбиле воопшто и да разговараат со Христијан Мицкоски и неговите претставници, затоа што Мицкоски ја загрозува иднината на државата.

Граѓаните се цврсто определени за напредок, развој и интеграција во најсилните светски сојузи.

Мицкоски да се преиспита и да не помислува да ја ризикува иднината на Македонија, да не ја загрозува иднината на граѓаните.

Да размисли Мицкоски, да се охрабри и да одговори, пред себе, пред својата партија и пред целата јавност, дали ќе гласа на престојниот референдум ЗА македонска иднина во ЕУ и НАТО.

Се друго е неодговорно и несериозно и кон граѓаните и кон државата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат