Институциите треба да станат сервис на граѓаните, а тоа го овозможуваме преку бројните реформи на системот за социјална заштита, порача министерката за труд и социјална политика Мила Царовска која денеска разговараше со граѓаните на Пехчево.
На средбата со граѓаните од врата до врата минисерката Царовска, истакна дека со зачленувањето на Мaкедонија во ЕУ и НАТО создаваме европска држава во која ќе расте стандардот и граѓанските права.
„Свесни сме дека во моментот социјалната помош не е доволна ниту за најосновните потреби и не ја менува состојбата на корисниците. Но реформите се при крај, на мое огромно задовоство сакам да најавам дека од почетокот на идната година ќе почене да се исплаќа социјален надоместок, во износ сличен на законски утврдената минимална плата. Затоа и ја зголемивме минималната плата и донесовме законски измени со кои се поттикнува растот на платите. Целта на овие мерки е да ги извлечеме најраливите над линијата на сиромаштија, и да ги активираме на пазарот на трудот, со што ќе го подигнеме стандардот и ќе го доближуваме до европскиот. Не отсапуваме од ветеното. Затоа ги повикувам сите граѓани и оние кои се двоумат и опозицијата да го поддржат референдумот и да се приклучат- заедно да ја однесеме Македонија кон подобра иднина во ЕУ и НАТО“, изјави министерката Царовска во Пехчево.
Министерката Царовска се сретна со градоначалникот на Пехчево, Драган Тренчовски и пратеничакта Јагода Шахпаска.
Посетата ја искористи и за посета на Центарот за социјални работи, а говореше и на трибина со младите во Пехчево.