Крива Паланка – град на културата во 2013-та

Од:

Град на културата во 2013 година  ќе биде Крива Паланка. На конкурсот на Министерството за култура општината доставила апликација која ги исполнува условите да биде престолнина на културата во Македонија.

– Програмата на општина Крива Паланка содржи конкретни, квалитетни и разновидни културни содржини од сите дејности. Во реализацијата на активностите ќе учествуваат установи и здруженија на територијата на општината, односно националните, општинските и образовните установи, библиотеките и други субјекти, соопшти Министерството за култура.

Комисијата која ги разгледувала пристигнатите пријави ја истакнала како предност  геоположбата на Крива Паланка, добрата соработка со Бугарија и големата фреквенција на движење. Предност за да биде избрана, исто така, било и тоа што културните содржини ќе се реализираат  во комплексот „Свети Јоаким Осоговски“, што треба да го поттикне културниот туризам во регионот.

Крива Паланка го презема епитетот од Кочани, кој беше град на културата во 2012.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески