Актуелниот претседател на Либерија и поранешен најдобар светски фудбалер Жорж Веа на 51 година настапи за својата репрезентација на пријателскиот натпревар против Нигерија.
Веа во текот на професионалната кариера играше за Милан, Монако и ПСЖ, а во 1995 година ја доби наградата „Златна топка“ и од ФИФА беше прогласен за фудбалер на годината.
Тој се повлече од активното играње фудбал во 2003 година, а во јануари беше избран за претседател на Либерија.
Пријателскиот натпревар во Монровија беше организиран повод повлекувањето на неговиот дрес со број 14.
Гостите од Нигерија победија со 1:2, а Веа одигра дури 79 минути од натпреварот.