(ВИДЕО) Арсовски: Стојановски да си даде оставка веднаш, му се заканува затвор

Од:

Градоначалникот на Демир Хисар Марјанче Стојановски се повеќе се заплеткува во скандалот кој излезе во јавноста, рече Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

– Имено, откако тој им се закануваше на наставничките на нивното работно место пред деца со зборовите цитирам „Значи заборавате дека во МВР работев, заборавате дека ви слушам сите телефонски јавувања. Одење од куќи и така натаму“, тој продолжи да се заканува и на медиумите кои го објавија овој скандал со некакви си тужби. Почитувани ова е и повеќе од очигледно. Ова е матрицата на СДСМ, заканување, уценување, и па пак заканување. Но Марјанче Стојановски треба да знае дека дури и да му е точна изјавата која ја дал во полициската станица меѓу своите колеги, дека ова видео е снимено од протест во јануари 2018 година, протест кој тој со закани и уцени го спречувал, а секој протест е демократско право на граѓаните дури и тогаш направил кривично дело. Според член 155 став 2 од КЗ секое спречување на протест од страна на службено лице, во случајот избран функционер на локални избори, се санкционира со казна затвор до 3 години. Ова дело согласно изјавата на Стојановски, а пренесена од медиумите е сторено во целост, рече Арсовски.

Како што кажа тој, и покрај тоа кривично дело, видеото отвора сомнеж дека градоначалникот учествува во организирана партиска структура на СДСМ во МВР која врши прислушкување на граѓани, во случајот учителки итн и нивно следење спротивно на закон.

– Согласно член 151 став 4 од КЗ доколку се докаже вина исто така следи казна затвор. Дополнително постојат индиции дека делото е извршено со злоупотреба на службената положба и овластување, казниво со член 353 од КЗ, бидејќи во скандалозното видео истиот напоменува дека работел во МВР и дека ги слуша сите разговори. Заканите и уцените кои ги упатува кон вработените во училиштето на работно место е сосема друго дело. Обвинителството само од оваа снимка има еден куп работа и еден куп индиции кои што треба да ги истражи и да отвори случај. Наместо нервозни и панични изјави од страна на Марјанче Стојановски кој е градоначалник на Демир Хисар тој уште веднаш треба да си поднесе оставка. Само така ќе се овозможи непристрасна истрага. Во спротивно останува сомнежот дека ќе им се заканува на сведоците, а органите на прогонот под политички притисок ќе замижат пред скандалот, рече Арсовски.

Тој побара обвинителството да интервенира и да го расчисти сомнежот дека недолжни граѓани се следени, прислушувани и мета на уцени и закани.

– Ако ова им се прави на наставнички во едно основно училиште, тогаш жртва на оваа ненародна власт може да биде било кој од граѓаните. Ако вакви притисоци се прават за еден обичен протест тогаш можеме да замислиме што се прави во услови на избори или во екот на кампањата за референдум, или што се се правело за да Марјанче Стојановски дојде на функцијата градоначалник. Овој скандал го покажа сталинистичкото лице на власта на Заев и СДСМ. Овој скандал покажа дека граѓаните не им се плашат и се спротивставуваат со гласно НЕ на политиките на криминалниот картел на власт. Затоа уверени сме дека граѓаните и Република Македонија ќе победат, рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Почна средбата на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди за новата влада

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада

ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за здравство крахираше и во случајот Токсикологија

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Која е Гордана Сиљановска Давкова, првата жена претседател: Министерка во Влада на Црвенковски, претседател со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Орце Костов