Расмусен против намалувањето на државните трошоци за одбраната

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен денеска ги повика европските земји повлекувањето на Алијансата од Авганистан, да не го користат како изговор за намалување на средствата од државниот буџет наменети за одбраната.

– Ќе треба да го надградиме она што го постигнавме во операциите како онаа во Авганистан, а не да бараме корист во повлекувањето од таму, порача Расмусен во Минхен, каде учествува на Меѓународната конференција за безбедност.

Според него, дополнителните наламување на средствата за потребите не одбраната ќе доведат до зголемување на несигурноста.

Расмуслен нагласи дека во услови кога се воведуваат мерки на штедење, намалувањето на државните трошоци за одбраната „изгледаат како примамлива варијанта, но би било погрешна варијанта“.

Од 2001 година, па досега, уделот на САД во покривањето на трошоците на НАТО е зголемен од 63 на 72 отсто, додека во исто време многу европски земји ги намалија своите буџети за одбраната, потенцира Расмусен.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море