Масовни протести за независност на Каталонија

Од:

Неколку стотици илјади луѓе протестираа синоќа во Барселона и други градови во шпанската област Каталонија, повикувајќи на независност и на ослободување од затвор на лидерите на каталонското сепаратистичко движење.

– Да создадеме Каталонска Република, извикуваа демонстрантите, кои при тоа соборија слика од шпанскиот крал Фелипе Шести.

Организаторите проценуваат дека на протестите излегле 470.000 луѓе.

Собирот доаѓа малку пред годишнината од референдумот за отцепување на Каталонија од Шпанија, на кој мнозинството од Каталонците што го искористија своето право на глас се изјанија за независност.

Шпанската Влада го прогласи референдумот за противуставен и одговори со кривични прогони на водечките каталонски сепаратистички политичари, од кои дел се или во затвор или во егзил.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата