Нова национална стратегија за деинституционализација за 2018–2027

Од:

За неколку месеци ќе заврши националната стратегија за деинституционализација 2008–2018, така што Владата на денешната 88-ма седница ја прифати новата Национална стратегија за деинституционализација во Република Македонија за 2018–2027, симболично насловена „Тимјаник“.

Владината прес-служба информира дека новата стратегија за деинституционализација го проширува фокусот и нуди сеопфатен преглед на социјалните услуги во тековниот контекст.

– Стратегијата ги претставува визијата, целите, стратешкиот пристап на Владата и дејствата што треба да се преземат и подобрат при спроведувањето на преминот од институционална грижа кон систем за социјална грижа во семејството и заедницата со поддршка од социјалните служби, наведува службата на Владата за информирање.

Во институции сега се сместени вкупно 2 358 лица.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски