Тешко повреден пешак во сообраќајка во Скопје

Од:

Четириесетгодишен пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила денеска во 12.50 часот на улица „Кирил и Методиј“ во Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистерски ознаки управувано од Д.К (49) удрило во пешакот Б.А (40) од Скопје.

Повредениот пешак со возило на Итна медицинска помош е однесен на Клиничкиот центар каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.

Би можело да ве интересира

Пијан возач премина во спротивната лента – загина жена

А1он

Загина 19 годишник во сообраќајка во Србија – другарот со автомобил удри во коњи покрај патот

А1он

Ѓорѓиевски: Да живее слободно Скопје

ВИДЕО: Се преврте српски автобус во Хрватска, двајца загинати

Катерина Ѓуровски

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје