Французин бара работа со оглас во кој „се продава себе си“

Од:

Француски државјанин во потрага по работа, направил молба која личи на страницата „Амазон“. На неа поточно тој „се продава себе си“, со што покажа дека умешноста и креативноста привлекуваат внимание, кое може да биде од голема помош.

Филип Фибо во декември минатата година започнал да бара работа како менаџер на веб производите.

Бидејќи не сакал да праќа класични молби за работа, дошол до идеа да направи своја веб страница слична на „Амазон“, со сите детали, вкулучувајќи го и пакувањето на подароците.

– Помислив доколку на некоја од компаниите и биде забавна мојата страна, тогаш јас би сакал да работам во таа компанија, изјави Фибо.

Тој додава дека првин пратил линк со класичната молба за работа, а потоа и порака на популарниот француски блог, во кој ги поканил да го посетат неговиот сајт.

Од тогаш неговата порака се пренесувала на бројни блогови и социјалните мрежи и веќе достигна бројка околу 500. 000 прегледи.

Неговата идеа стана вистински хит на интернетот, а на Фибо му ја исполни желбата, бидејќи му пристигнуваат понуди за работа од сите страни на светот.

Фибо признава дека „Амазон“ е една од компаниите за која што би сакал да работи. Но, не откри како реагирала познатата компанијата и дали воопшто го контактирала.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт