Во Австралија ископани џиновски камења кои содржат 113 килограми злато

Од:

Рудари во западна Австралија ископаа два огромни камења кои вредат повеќе милиони долари поради содржината на злато што проценува дека е тешка над 113 килограми.

Поголемиот камен има вкупна тежина од 95 килограми, a содржи 2.400 унци или нешто помалку од 69 килограми злато.

Кај помалиот примерок со вкупна тежина од 63 килограми измерени се 1.600 унци или нешто повеќе од 45 килограми злато.

Камењата освен од злато биле составени од кварц.

Од канадската компанија „РНЦ минералс“, која го експлоатира рудникот „Калгурли“, соопштија дека ваквите примероци се исклучително ретки и дека вредноста на ископаното златото се проценува на 11 милиони долари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Австралискa пратеничка го нарече опозицискиот лидер расист поради ставот кон Газа