Околу 7.40 часот вчера на ул.„Радишанска“ Војислав В. (66) во семејната куќа со пиштол „Црвена застава“ кој го поседувал со дозвола испукал еден куршум во пределот на срцето и починал, најверојатно откако го исчистил оружјето.
Смртта ја констатирал доктор од Итна медицинска помош, а над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција. Увид на место извршила екипа од СВР-Скопје и во тек се мерки за расчистување на случајот.