Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) – на горивата во јули годинава се повисоки за 0,1 отсто на месечно ниво и за 38,5 отсто на годишно ниво.
Според податоците на Државниот завод за статистика, увозната цена на моторниот бензин во јули пораснала за 1,0 отсто на месечно и за 35,3 отсто на годишно ниво, додека во првите седум месеци од годинава забележала раст од 20,1 отсто.
Увозната цена, пак, на дизелот се намалила за 1,0 отсто на месечно, пораснала за 37,9 отсто на годишно ниво, а во првите седум месеци од годинава пораснала за 16,4 отсто.
Кај течните ТНГ горива зголемувањето на увозната цена на месечно ниво изнесува 5,7 отсто, а на годишно 39,1 отсто, додека во првите седум месеци од годинава увозната цена поевтинила за 2,8 отсто.