А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Берово во тек кампањата за бесплатно чипирање на кучињата миленици

by А1он09/09/2018 - 10:01322
Share0

Во Берово официјално почна кампањата на Агенцијата за храна и ветеринарство за идентификација и регистрација на домашните миленици и во Берово.

Добивај вести на вибер

Согласно кампањата, како што информираат од двете ветеринарни станици кои ќе бидат задолжени за нејзино спроведување, сопствениците на милениците ќе треба да платат 120 денари за пасош за домашен миленик што ќе можат да го употребат при патување надвор од државата.

– Во Берово сопствениците на кучињата ќе можат да ги чипираат своите миленици во двете ветеринарни станици Бе-Вет и Кировски-Вет. На републичко ниво се обезбедени 100.000 микрочипови кои ќе треба да се потрошат до 31 март 2019 година до кога трае кампањата, на принципот „прв дојден, прв услужен“. Затоа ги покануваме сите сопственици да побрзаат да ја извршат оваа обврска за својот миленик, велат од Кировски-вет.

Како што додаваат беровските ветеринари по завршувањето на кампањата, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе спроведе зајакнати контроли за да провери дали сопствениците извршиле регистрација на нивните домашни миленици. Доколку тоа не го направиле, тогаш сопственикот покрај казната, ќе го плати и самиот процес на микрочипирање.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека цел на кампањата е заштита и благосостојба на животните, придонес кон намалувањето на бројот на кучињата скитници, како и поттикнување на одговорното сопствеништво.

berovomilenici

Би можело да ве интересира

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Горан Наумовски29/10/2025 - 09:29

Ружински: Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот

Горан Наумовски10/10/2025 - 11:56

(ВИДЕО) Ружински: Предвидуваме трајно решение за проблемот со улицата „Илинденска“ во Берово

Горан Наумовски03/10/2025 - 09:32

„Етно Плоштад Фестивал 2025“ во Берово

А1он27/08/2025 - 17:3027/08/2025 - 17:09

Пекевски: Месното население и компаниите да се вклучат во гаснење на пожарот на планината Готен

Горан Наумовски26/07/2025 - 09:18

Затворена е кујната во Домот за стари лица во Берово по појавата на стомачни тегоби

Предраг Петровиќ16/07/2025 - 17:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен