Дел Потро: Новак е фаворит, но и Федерер беше

Од:

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро истакна дека ќе му биде тешко да игра против Новак Ѓоковиќ во финалето на Ју-Ес опен, бидејќи српскиот тенисер му е добар пријател.

Дел Потро пласманот го обезбеди откако актуелниот најдобар тениер во светот Рафаел Надал му го предаде полуфиналниот натпревар поради повредата на десното колено.

За аргентинскиот тенисер ова е втора можност да се бори за титулата на Ју-Ес опен, откако во 2009 година го освои трофејот на Отвореното тениско првенство на САД, кога во финалето го победи фаворизираниот швајцарски тенисер Роже Федерер.

– Ќе биде тешко против Новак, бидејќи сме навистина добри пријатели. Двајцата сакаме да победиме. Новак доаѓа како шампион од Вимблдон, игра добро и ќе биде фаворит во недела. Но и пред девет години овде играв против Федерер, кој истот така беше фаворит. И овојпат ќе се обидам да изненадам, истакна Дел Потро.

Ѓоковиќ досега победил на 14 натпревари од вкупно 18-те меѓусебни соочувања со аргентинскиот тенисер.

Би можело да ве интересира

Конечно го освоив овој прекрасен трофеј – Сабаленка во солзи по победата на УС Опен

Горан Наумовски

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Се активираше аларм на УС Опен: Сите натпревари беа прекинати

ВИДЕО: Шокантна елиминација на Алкараз од УС Опен

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ѓере го предаде мечот, а Ѓоковиќ стана единствениот со 90 победи на УС Опен

ВИДЕО: Одигран е најлудиот меч во историјата на УО Опен