ВИДЕО: Здружението „Преродба“ бара оставка на Владата

Од:

Здружение на граѓани „Преродба“ преку соопштение ги повикува сите граѓани кои сакаат да им се приклучат денеска пред Собранието на Република Македонија и заедно како што велат во нивното соопштение со протестното свечено обраќање да започнат со чествување на најголемиот национален и државен празник – Денот на независноста.

„Токму на Денот на независноста, ќе го пратиме отвореното барање до Власта со барање за нејзина оставка, поради тоа што оваа власт ја прави државата зависна од разни фактори, што и го руши легитимитетот, дигнитетот, суверенитетот и сите особености на независна држава и за да не причинува понатамошни штети на државата и за нејзината независност. И даваме рок од 48 часа да си поднесе оставка. Доколу не го стори тоа ќе постапиме по оперативниот план и стратегија со сите мирољубиви, дозволени, ненасилни и демократски средства, сè до поднесувањето на оставката“, се наведува во соопштението на здружението на граѓани „Преродба“.

Исто така, како што се додава во нивното соопштение тие бараат и мораториум на еднострано политиканско решавање на македонските прашања, од здружението потенцираат дека ќе има и свечено потпишување на декларација на Македонскиот народ за неговите црвени линии и Стратегија за зачувување на името на Република Македонија и на македонскиот идентитет, јазик, историја и култура.

Би можело да ве интересира

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите