(ВИДЕО) Заев: Посетата на Меркел е гаранција за влез на Македонија во ЕУ и НАТО

Од:

Премиерот Зоран Заев на денешната заедничка прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел рече дека посетата на канцеларката е силен поттик во пресрет на референдумот, поттик и поддршка за Договорот со Грција и гаранција за влез на Македонија во ЕУ и НАТО.

– Голема чест е на денешниот ден, 8 Септември, 27 години од независноста на Македонија, гостин во нашата држава да биде канцеларката Ангела Меркел. Тогашниот референдум, идентично како и овој, е за иднината на Република Македонија. Посетата на Меркел претставува силен поттик за успешен референдум, поддршка за Договорот со Грција и гаранција за влез во ЕУ и НАТО, рече Заев.

Премиерот Заев истакна дека Македонија ја цени поддршката од Германија, но за комплетирање на евроатлантските интеграции потребно е целосно имплементирање на реформите во државата.

– Наше е да покажеме резултати, за поддршката која ја имаме од Германија и останатите европски земји, ќе возвратиме со успешен референдум, рече Заев.

Премиерот исто така истакна дека Германија е најголемиот економски соработник и поддржувач на Република Македонија и дека дури 47 отсто од извозот на Македонија оди во Германија.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска