Рускиот хакер Андреј Тјурин е екстрадиран во САД, каде е обвинет дека помагал во најголемата кражба на кориснички податоци од американска финансиска институција, соопштија американски обвинители.
Тјурин (35) го уапсија грузиските власти. Обвинет е за помош при кражба на податоци на повеќе од 80 милиони корисници од базата на ДејПи Морган Чејс.
Тој е осомничен дека учествувал и во манипулации на пазари, нелегално интернет коцкање и разни шеми на измама. Тјурин е соочен со казна затвор од 30 години.