Општина Центар урива дел од бесправно изграден објект на улица „Македонија“

Од:

Овластениот градежен инспектор на општина Центар, постапувајќи по службена должност излезе на лице место и со записник констатираше дека инвеститорот на угостителски објект на улица Македонија, „Бистро Мекиците од стража“, без одобрение за градење изградил доградба на локалот со димензии 14,00 x 6,00 м, велат од Општина Центар.

„Овластениот градежен инспектор донесе решение дел од објектот кој е бесправно изграден да биде отстранет во рок од 3 дена.

Бидејќи инвеститорот не постапил по решението, општина Центар пристапи кон присилно извршување на решението и уривање на дивоградбата.

Трошоците за извршување на решението ќе бидат надоместени од страна на инвеститорот .
Инвеститорот градел без одобрение за градење согласно член 134 од Законот за градење.

Општина Центар внимателно го следи исполнувањето на законот за градење и нема да дозволи дивоградби на својата територија“, соопштуваат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски